Become your best friend

pexels-olha-hrynova-375490369-17356435
Девет активности кои ќе ве вратат во Сега и Овде
Емоционалната саморегулација има за цел да ја олабави врската меѓу нас и нашите ментални обрасци и да...
Read More
milad-fakurian-58Z17lnVS4U-unsplash
Когнитивна корекција: дали моите мисли се вистина?
Многу од нашите негативни приказни се темелат на когнитивни дисторзии. Когнитивните дисторзии се предрасуди...
Read More
pexels-annagiorgiazambrelli-7595587
Уметноста на емоционалната саморегулација
Кога не ги регулираме своите емоции, животот има тенденција да ги повредува. Емотивната саморегулација...
Read More
cherry-laithang-__pzUnC_OWA-unsplash
Моќта на внатрешната приказна
Човечкиот ум е постојано вклучен во процес на разбирање, толкување и кодирање на сопствените искуства...
Read More
pexels-pixabay-206359
This is not a post, this is a UFO pretending to be a post
Lorem ipsum dolor sit amet, consectetur adipiscing elit, sed do eiusmod tempor incididunt ut labore et...
Read More
pexels-alexandro-david-1835016
This post is just wandering around
Lorem ipsum dolor sit amet, consectetur adipiscing elit, sed do eiusmod tempor incididunt ut labore et...
Read More
1 2
pexels-olha-hrynova-375490369-17356435
Девет активности кои ќе ве вратат во Сега и Овде
Емоционалната саморегулација има за цел да ја олабави врската меѓу нас и нашите ментални обрасци и да...
milad-fakurian-58Z17lnVS4U-unsplash
Когнитивна корекција: дали моите мисли се вистина?
Многу од нашите негативни приказни се темелат на когнитивни дисторзии. Когнитивните дисторзии се предрасуди...
pexels-annagiorgiazambrelli-7595587
Уметноста на емоционалната саморегулација
Кога не ги регулираме своите емоции, животот има тенденција да ги повредува. Емотивната саморегулација...
cherry-laithang-__pzUnC_OWA-unsplash
Моќта на внатрешната приказна
Човечкиот ум е постојано вклучен во процес на разбирање, толкување и кодирање на сопствените искуства...
pexels-pixabay-206359
This is not a post, this is a UFO pretending to be a post
Lorem ipsum dolor sit amet, consectetur adipiscing elit, sed do eiusmod tempor incididunt ut labore et...
1 2

ТВОЈАТА ПРИКАЗНА ИМА ПОВЕЌЕ СТРАНИ

Ти си многу повеќе од твоите негативни мисли и чувства. Никогаш не е доцна да стапиш во контакт со своите позитивни потенцијали: внатрешната сила, личната одговорност, благодарноста, капацитетот за простување и безусловната љубов за себеси и другите. Ова е пат кој се бира свесно и се следи континуирано, а неговите придобивки длабоко се одразуваат на секој аспект од постоењето.

Запознај се себеси и создај го значењето на животот!

ИЗБЕРИ НАДЕЖ

УЛОГАТА НА ПСИХОЛОШКАТА ПОДДРШКА

Кога менталното здравје ви се чини како безнадежен лавиринт, а проблемите и сомнежите се трупаат на секој чекор, знајте дека не морате сами да минете низ ова. Да се побара професионална помош не е одраз на слабост, туку напротив, храброст да се биде искрен и решителен во соочување со болката и користење на сите алатки за надминување на потешкотиите во менталното здравје.

Целта на психолошкото советување е да ви помогне да се разберете себеси и она што ви се случува, и да ги зајакнете капацитетите за справување со животните предизвици. Со други зборови, да ви помогне да си помогнете себеси.

Но, не мора да чекате да се случи криза за да побарате психолошка поддршка – клучен дел од нашата работа е да делуваме превентивно, во затишјето пред бурата. Менталното здравје е витален дел од вашето целокупно здравје, и заслужува да биде на прво место. Ако се чувствувате несигурно, совладано, беспомошно или деструктивно, нашата професионална психолошка поддршка е тука да ви помогне да ги размрсите заплетканите нишки. 

We've got you

Нашата цел е да ја вратиме насмевката на твоето лице и да те потсетиме на сите посебни моменти кој го прават животот убав и кој би те вратиле во она време кога си блескала најсилно а нашите експерти го знаат точниот пат до таму, твое е само да следиш.

ЗАЕДНИЧКИ ОСТВАРУВАМЕ ОДРЖЛИВИ ПРОМЕНИ

Марија Грубор

Марија Грубор е дипломиран и лиценциран психолог со долгогодишно искуство во областите на психолошко советување, психоедукација, клиничка психологија и креативна терапија. Нејзината работа има за цел да ја направи грижата за менталното здравје достапна за секого. Покрај работата со македонски и интернационални клиенти преку повеќе дигитални платформи за психолошко советување, одржува и средби со физичко присуство и води работилници за личен развој во Скопје.

ОЛЕСНИ ГО УМОТ

ЧЕКОР ПОБЛИСКУ ДО ВИТАЛНОСТ И ЖИВОТНА РАДОСТ

Психолошкото советување може да ви помогне да ги коригирате дисторзираните верувања за себе, некорисните мисловни облици и непријатните расположенија. Истовремено, ќе ви пружи и безбеден простор за истражување на себеси ослободен од осуда и предрасуди, и поддршка во оздравување на самодовербата и самосочувството.

Ќе научите да поставувате паметни цели и самостојно да црпите внатрешна мотивација за нивно остварување, како и да управувате со своето време и енергија на начин кој ефикасно ги задоволува вашите потреби и желби. Покрај тоа, постојат уште многу одлични теми за разговор со психолог – овде можете да споделите сѐ што ви е на ум, а доверливоста е гарантирана.

КАКО МОЖЕМЕ ДА ВИ ПОМОГНЕМЕ?

СОВЕТУВАЊЕ ВО ЖИВО

Овој вид на советување подразбира физичко присуство и се смета за најплоден, со оглед на тоа дека средбата во живо овозможува незаменливи аспекти како невербален говор, активности кои вклучуваат движење и креативни вежби.

ОНЛАЈН СОВЕТУВАЊЕ

Нудиме три облици на онлајн советување: текстуален, аудио или видео облик. Текстуалното советување е брз и едноставен формат за кратко советување на специфични теми, додека аудио и видео форматите нудат подобар увид и разработка.

ГРУПНИ РАБОТИЛНИЦИ

Групни искуствени и едукативни работилници кои се одржуваат неколку пати годишно на различни теми од областа на психологијата и личниот развој, како ментална хигиена, работа со креативен израз, медитација и други техники за саморегулација. 

Become your best friend

Нашиот тим од експерти ќе се погрижи да го промените начинот на размислување и изградите еден нов мисловен процес каде што вашиот сопствен ум ќе стане ваш најдобар пријател и наместо да се чуствувате лошо за секоја донесена одлука, вие ќе научите како самите да се третирате со нега и си дадете комфорт и утеха онаму каде што сега си наметнувате вина, срам или каење.

СЕКОГАШ ТУКА ЗА ВАС

Постоиме за да ви овозможиме повеќе мир и подлабоко уживање во животот, како резултат на подобрено ментално здравје и поквалитетни односи со вашето опкружување. Во формата подолу, ве охрабруваме да ни ги поставите сите прашања од областа на психологијата кои ве мачат или пак инспирираат!

ВИ БЛАГОДАРИМЕ НА ДОВЕРБАТА

Имаш ПРАШАЊЕ?

Contact
Scroll to Top